1 коментар 1 мин. читање

Wikileaks објави куп доверливи документи за војната во Авганистан

„Извештаите ги опишуваат поголемиот дел на смртоносните војни акции на американската војска. Тие содржат голем број имиња кои се убиени, ранети или уапсени за време на секоја акција, заедно со прецизно географска локација на секој настан, и војните единици вклучени и кои системи на оружје се употребени.“ вели WikiLeaks кои ги доставија документите на Guardian, New York Times и германскиот Der Spiegel кои стартуваа огромни стории и интерактивни мапи објаснувајќи ги документите.

Wikileaks исто така ги закачи извештаите на својот сајт каде истите можат да се пребаруваат според според вид, категорија, регион, датум и жестокоста на нападите.

Велата куќа веднаш го осуди објавените извештаи велејќи дека со ова се донесуваат во опасност животите на американските и коалиционите војници како и се откриваат војни тајни.

Но, за Џулиан Асанж, основачот на Wikileaks, новинарството мора да биде транспарентно, а со тоа и контроверзно.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top