0 коментари 1 мин. читање

Визуелизација на интернетот

{mosimage}Како да ставиме контекст на информациите од интернетот? Како би можеле да го согледаме во целина со цел да го разбереме и научиме нешто повеќе и како да го искористиме интеренетот за додатни информации? Одговорот е преку визуелизација на информациите.

Џер Торп
инспириран од разговор за H1N1 вирусот т.е свинскиот грип и за „епидемиолошкиот модел на пренесување на болеста“ се заинтересирал „како некои информации кои се споделуваат волунтерски по друштвените мрежи можат да бидат искористени да се изградат различни корисни модели“ и го прави
„Јust Landed" проектот. Видеото можете да го видите подоле.

Користејќи го Twitter, односно твитови кои ги содржат фразите „Само што слетав во … “ и „Само што пристигнав во …“ тој со визуелизација го прикажува движењето на луѓето низ светот од петок 8 мај до понеделник, 11 мај. Дестинацијата се открива преку твитовите со фразите,
додека почетната локација е превземена од Twitter профилите, објаснува Торп.

Ова го најдов во текст на Mashable, каде има наведено уште неколку вакви визуелизации на Twitter, кои го објаснуваат сервисот и онлајн комуникацијата преку визуелизација на море со риби, преку основните емоции како љубов и омраза…



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top