Учете јазици со Busuu

во Совети

{mosimage}Busuu.com е друштвена мрежа за секој кој сака да научи еден од четирите јазици – Германски, Англиски, Француски и Шпански. Курсевите, часовите и предавањата се бесплатни и се генерирани од корисниците, така што и вие можете да станете професер и да помогнете на некој да научи јазик.

Предноста на Busuu e што е друштвена мрежа па имате контакт со луѓе кои го зборуваат јазикот кој сакате да го научите. Традиционално кај нас англискиот го учите од македонски професор кој има завршено факултет за англиски јазик, но со Busuu ќе можете да запознаете луѓе кои го зборуваат јазикот. Така што покрај четирите јазици кои Busuu ги нуди за учење, можете да запознаете некој кој ќе ве научи да зборувате шведски, на пример.

Сервисот нуди неколку нивоа за учење на јазикот, секое со фотографии, текст како и аудио и видео. Има и опција да полагате тестови за да си го проверите знаењето. Добро е што дел од материјалот го има и во .pdf формат па може да го носите со себе.

 

Бонус: На Busuu можете да го научите и Silbo Gomero јазикот, јазик за комуницирање на долги далечини со свиркање.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments