0 коментари 1 мин. читање 26 јануари, 2015

Српскиот Top Eleven стартува нова верзија за 10-те милиони играчи

Развиена од српското студио Nordeus, Тop Еleven Football Manager е една од најуспешните фудбалски симулации. Во моментов играта има над 100 милиони регистрирани корисници, од кои 10 милиони се активни месечно.

Играта стартуваше во 2010-та година како Facebook игра, за подоцна, како што и раснеше популарноста да биде достапна и за мобилните платформи. Сега е објавена нова верзија Top Eleven 2015 која е достапна за iOS и Android, и која доаѓа со куп новини како подобри анимации, подобри звуци, потешки трансфери на играчи, и е оптимизирана за таблет компјутери. Во играта може да се најдат и совети од тренерот на Челзи, Жозе Мурињо, кој е официјален амбасадор на Top Eleven. Дури и да не сте фан на контроверзниот г. Мурињо, можеби треба да ја пробате играта.

[youtube]dtEqBgkZTP0[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top