60 милиони користат Facebook Connect месечно

во Веб

{mosimage} Околу 60 милиони корисници и преку 80.000 веб сајтови ја користат апликацијата Facebook Connect секој месец, откри Етан Беард, директорот за развој на друштвената мрежа на овогодинешната LeWeb конференција. Тој додаде дека оваа апликација ја користат половината од топ 100 сајтови во светот, некои дури поголеми и од Facebook.

Facebook Connect e апликација која се интегрира на веб сајт и овозможува наместо регистрација, посетителот на веб сајтот или веб сервис да се логира со својот Facebook корисничко име. Освен можноста да се логирате со едно корисничко име, притоа не давајќи ги информациите на секој сајт/сервис кој го посетувате, друга предност на оваа апликација и од бизнис и од кориснички аспект, е што коментарите или другата интеракција се објавува на Facebook профилот.

Пример за Facebook Connect се коментарите подолу кои можете да ги оставите на нашиот сајт. Подолу кликнете „Connect to Facebook“, логирајте се со вашето Facebook корисничко име и пишете ни нешто. Доколку сте веќе логирани на Facebook, само коментирајте. Потоа одберете дали тоа да се појави како пост на вашито профил.

Покрај коментирањето и брзото логирање на сервиси, со Facebook Connect лесно може да се линка до соджрината на еден сајт и тој линк да се најде повторно на профилот на друштвената мрежа. Ова е одлично за бизнисите, пред се бидејќи пријателите на корисникот кој линкал или коментирал ќе го видат постот и ќе го посетат сајтот. Можеби ќе се вклучат и во интеракцијата.




Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments