5 работи што треба да знаете доколку планирате да купите PlayStation 4

Иако се наоѓаме на крајот на добата на PS4, има многу гејмери кои и понатаму остануваат верни само на PC платформата. Во случај да се мислите дали да ги префрлите вашите гејминг навики на вашиот кауч, следниве 5 работи би требало да ги разрешат сите недоумици кои би можеле да ги имате за конзолата на Sony.

1.PlayStation 4 e исклучително моќна конзола

PS4 се испорачува во две варијанти, PS4 (Slim) и PS4 Pro верзија. Краткиот и едноставниот одговор за разликата помеѓу овие две конзоли е тоа што PS4 Pro овозможува 4К резолуција, што знае да пружи значително повпечатливо визуелно искуство, особено кај одредени VR игри (за ова подолу). За да успее во ова, поновата конзола – PS4 Pro се одликува со малку подобрен хардвер. PS4 (Slim) со подарок од три игри обично чини 22000 денари, со чести попусти и намалување на цената за околу 3000 денари. PS4 Pro со подарок од една игра чини 25 000 денари, но цената знае да падне за околу 2000 денари за време на одредени промоции. Поголемиот дел од игрите изгледаат феноменално и иако се со 30 фрејмови во секунда, сепак пружаат впечатливи, графичко исполнителни сесии кои никако не се можни на некој компјутер со слична цена. Така да, доколку сте само за играње, PS4 е парче хардвер кој нуди висок квалитет за релативно ниска цена.

God of War poređnje grafike: PS4 vs. PS4 Pro

2. Не е проблем тоа што Македонија не е во поддржани региони

Многу корисници не сакаат да купат PS4 затоа што Македонија не е поддржана и сметаат дека ќе наидат на пречки при купување и играње игри. Ова не може да е подалеку од вистината. Без проблем можете да направите еден US акаунт и еден UK акаунт и да го искористите најдоброто од двата света, барем во поглед на бројните зделки. Потоа, си купувате картички со кредит на Amazon или слични сајтови, го полните вашиот дигитален паричник и преку него купувате најразлични игри и услуги. Ова е апсолутно можно и за користење на претплатите за PS Plus и PS Now (за ова подолу).

PS4 Pro, PS4 Slim, And PS Plus Steeply Discounted Ahead Of PS5 ...

3. Игрите за PS4 често се продаваат со длабоки попусти

Секој месец има најмалку две промоции каде стотици игри се продаваат со попусти кои се движат до 90%. Феноменални ААА и инди игри можете да зграпчите за исклучително малку пари. Доколку сте претплатени на PS Plus, попустите знаат да бидат уште подлабоки. Кога се работи за откривање на најновите попусти, PS Deals е веб сајт кој нуди флексибилни можности и увиди.

4. PS Plus и PS Now ви даваат многу игри и предности за малку пари

PS Plus е претплатничка услуга каде, по цена од 60 долари, можете цела година да играте мрежни игри, но и бесплатно да добивате по две игри секој месец. Се додека сте претплатени на PS Plus, игрите ќе бидат бесплатни за играње, но еднаш кога претплатата ќе истече, нема да можете да ги играте игрите се додека одново не се претплатите. Иако 60 долари се чини како многу, често се случува претплата да падне на 45 долари, а, на некои сајтови паѓа и до 35 долари. Доколку зграпчите претплата од 35 долари, добивате две игри по цена од 150 денари, што навистина не е лошо.

PS Plus FREE Games for April 2020 - YouTube

PS Now е претплатничка услуга каде, по цена од 60 долари, можете цела година да играте стотици игри, или да ги стримувате на конзолата, па дури и каков било компјутер. Листата од игри постојано се менува, но никако не е за потценување. На пример, доколку сега се претплатите на PS Now, без проблем можете да ја играте Control или најновата Spider Man. PS4 игрите кои се на листата можете да ги преземете или да ги стримувате, односно инстантно да започнете со нивно играње, преку интернет конекција. PS3 игрите, како Red Dead Redemption можете само да ги стримувате. Кога се работи за играње игри на облак, можете игрите да ги играте и на каков било компјутер, користејќи контролер, иако строго ја препорачуваме употребата на оригиналниот PS4 контролер за играње од компјутер.

PS5 will have PS Now – but it'll miss out on a key Xbox and Stadia ...

5. PS VR е феноменално техничко чудо кое мора да го пробате

Sony PlayStation 4 VR е нешто што, кога првпат го искусивме, помисливме дека сонуваме. Феноменален и релативно евтин хардвер кој ви дозволува инстантно да се втурнете во виртуелните светови на Skyrim, Resident Evil, Doom и, секако Astro Bot. VR пакетот заедно со пет игри обично се продава за 20000 денари, но цената знае да падне на околу 16000 денари за време на одредени промоции. PSN продавницата крие стотици VR игри, а искуството кое го извлековме со некои од нив едноставно не може да се опише со зборови. Тука и се чини исклучително важно дали да одите со PS4 или PS4 Pro. Skyrim, на пример, иако е импресивна на PS4, изгледа значително подобро на PS4 Pro. Филмскиот режим е за пофалба и ви дозволува да гледате најразлични филмови и серии на огромно платно, како да сте во кино.

Тоа се петте работи кои сакавме да ги споделиме со сите што сеуште се мислат дали да ја купат конзолата на Sony. Дали нешто пропуштивме? Што мислите вие? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] PlayStation Plus е една од клучните причини поради кои е добро да се има PS4. За целосно информирање за таа и сите останати, кликнете тука! […]

trackback

[…] се почестите со една во 2020 година, прочитајте што ние мислиме за неа. Доколку пак, одамна сте фан на чедото на Sony, ова […]