5 бесплатни алтернативи на комерцијален софтвер

Веќе загазивме на прагот на исклучително високи трошоци и наидуваме на предизвик при балансирање на нашиот буџет. Во поглед на софтверски алатки, преминот знае да биде безболен, особено кога ќе ги земете во предвид следниве алтернативи:

ExpressVPN Windscribe

ExpressVPN е одлична алатка за маскирање на вашата IP адреса, но претплатата знае да биде исклучително скапа. Поради тоа, доколку немате потреба постојано да се прикажувате онлајн како да сте од некоја друга земја за да стримате бројни содржини, не е лошо да се префрлите на Windscribe – бесплатна алатка која ви дозволува до 10GB месечно и пристап до сервери во 10 земји, вклучувајќи ги и САД, секако.

Microsoft 365 FamilyOffice Online

Преку прелистувач или преку самостојна алатка, Microsoft Office е феноменално и најчесто користено канцелариско решение. Но, ниту е бесплатно, ниту е евтино. Поради тоа, доколку немате потреба од бројните напредни можности кои се наоѓаат во овие алатки, Office Online ви ги дава на располагање осиромашените алтернативи директно од комфорот на вашиот прелистувач. Секако, доколку барате десктоп алтернатива со иста, па дури и подобра функционалност на платежната верзија на Microsoft Office, би можеле да ги проверите LibreOffice или OnlyOffice.

DriverMax ProSnappy Driver Installer Origin

Исклучително важно е вашите драјвери да се надградени со најновата верзија, но, во зависност од вашиот оперативен систем и поставките во него, процесот знае да биде отежнат. Поради тоа, се препорачува да се најдат, преземат и инсталираат најновите драјвери преку соодветно софтверско решение, како DriverMax. Но, DriverMax води ограничувачка политика кон бесплатните корисници и дозволува надградба на само два драјвери дневно. Snappy Driver, од друга страна, не ви поставува вакви ограничувања и ви дозволува целосно да си ги преземете и надградите сите драјвери на брз и, обично, автоматизиран начин.

Dropbox PlusGoogle Drive for desktop

Користи некој уште Dropbox? Алатката можеби беше популарна едно време, но подолг период заостанува зад конкуренцијата и никако не признава дека бесплатната верзија не е веќе задоволителна. Имено, ако тие нудат на корисниците 2GB простор, во Google Drive ќе најдете 15GB! Покрај ова, десктоп алатката ги синхронизира вашите податоци во компјутерот со податоците кои се на облак. Паралелно со ова, просторот кој го добивате е интегриран и се споделува низ сите услуги, односно апликации кои се нудат од Google.

Adobe Acrobat DCPDF24

Споредете ги овие две апликации и несомнено ќе дојдете до заклучок дека Adobe Acrobat е супериорната верзија, но тоа е само првичен, површински впечаток кој првенствено произлегува од изгледот на алатката. PDF24 можеби нема да освои награди во таа категорија, но скоро се што нуди за пари Adobe Acrobat DC, бесплатно ќе го најдете во PDF24. Доколку само отворате и прегледувате pdf документи, тогаш немате потреба од промена, но доколку сакате да уредувате документи, да спојувате еден со друг, да ги заштитувате и ред други работи, време е да ја откажете претплатата и да одите со нешто бесплатно.


Како и сите транзиции, така и оваа бара одреден период на привикнување. Алтернативите можеби нема инстантно да ве импресионираат, но паричникот ќе ви биде благодарен. :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk