{mosimage}Од компанијата Asus најавија дека наскоро ќе бидат објавени EEE PC лаптоп компјутери кои ќе имаат додатна можност – поддршка за 3.75G безжичен широкопојасен интернет. Во изјавата се потенцираше дека овој мини лаптоп во иднина нема само да зависи од местата каде што има безжични мрежи.
Новите модели 901 на мини-компјутерот со 3G ќе бидат претставени од средината на Октомври и ќе ги содржат следниве спецификации:
{mosimage}
- Оперативен систем: Windows XP Home
- Дисплеј: 8.9”
- Процесор: Intel Atom
- Безжичен адаптер: WLAN: 802.11b/g/n*** и вграден Bluetooth
- Меморија: 1 GB (DDR2)
- Хард диск: 16 GB SSD (Solid State Drive) и бесплатни 20 GB онлајн простор
- Читач на картички: MMC/SD (SDHC)
- Камера: 1.3 мега пиксели
- Аудио: HD Audio со стеро звучници и вграден микрофон
- Батерија: 6 ќелии, до 7.5 часа
- Димензии: 225 мм х 176.5 mm х 22.7 mm
- Тежина: 1.1 килограм
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови






