3Doodler е првото 3Д пенкало кое ќе овозможува да изработуваме 3Д модели и e рачна верзија на 3Д принтерите. Пенкалото ќе може да се користи за цртање на подлога, но ABS пластиката се зацврстува доволно брзо за да може да се црта во воздух. Команијата зад 3Doodler е WobbleWorks, е основана од Максвел Боуг и Питер Дилворт како продавница за играчки.
[youtube]DQWyhezIze4[/youtube]
Сите знаат да користат пенкало затоа дизајниравме пенкало кое ќе функционира како 3Д принтер. Ако можете да цртате, копирате или дури само да мавтате се прстите низ водухот ќе може а го користите 3Doodler. Додека цртате, пластиката излегува од врвот а пенкалото се лади со помош на интегриранот вентилатор, и се зацврснува пред вас, вели Максвел Боуг.
Проектот кој треба да го направи 3Doodler достапен за сите е претставен на Kickstarter и по се изгледа дека пенкалото кое пишува во воздух ќе биде и комерцијален успех. Откако за неколку часа ги добија потребните 30.000 долари. Сега веќе поминаа 1,5 милиони долари и над 17.000 „приврзаници“.
[youtube]K3QWRI29qCc[/youtube]