0 коментари 2 мин. читање 22 февруари, 2013

Бразил 2014 ќе биде првото Светско првенство на кое ќе се користи гол технологија

Фудбалските судиите ја губат битката со технологијата. На следното светско првенство во Бразил во 2014 година ќе се користи технологија за да се одреди дали топката ја поминала гол линијата. Технологијата ќе биде прифатена откако ги помина првите тестови на Клубското светско првенство во Јапонија во декември (иако интересно немаше контроверзна ситуација), а втората проверка ќе ја има летово на Купот на конфедерации во Бразил. Технологијата која е со најголеми изгледи да биде прифатена е GoalRef, HawkEye, но во игра се и две неименувани германски технологии кои допрва ќе треба да добијат лиценца, известува BBC.

Без разлика дали станува збор за Светско или Европско првенство речиси без исклучоци гледаме дискутабилни одлуки на судиите, како на пример непризнаен гол на англичанецот Френк Ламард против Германија беше поништен иако топката ја помина гол линијата, или гол од офсајд за Аргентина против Мексико на минатото Светско првенство или голот на Украина против Англија кој петтиот судија не успеа да ги види неправилностите иако беше на само 2 метри од голот.

Речиси сите професионални спортови во САД дозволуваат употреба на технологија за да им ја олеснат работата на судиите. Пример во NFL натпреварите судиите можат да ја прегледаат снимката и да ја променат одлуката, во NBA судиите ја разгледуваат снимката за да видат дали последниот шут е во рамките на времето или пак во NHL натпреварите каде се користи токму за да се утврди дали пакот влегол во голот. Покрај професионалните спортови во САД, технологијата е прифатена и во тенисот каде се користи систем сличен на Hawk Eye за следење на топката.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top