Столбови креирани со 3Д-принтер можат да издржат посилен земјотрес. Тоа што го разликува столбот од останатите е формите во кои се изработени неговите делови дело на калифорниска архитектонска компанија Emerging Objects, јави Freshome.
Решението всушност е инспирирано од техниката на градителите Инки. Вака креираните столбови крериаат недостаток на резонантни фрекфенции и критични точки на кои би се разрушил столбот. Столбот е изработен од сегменти кои се дизајнирани во CAD да можат да се спојат во совршена сложувалка, а потоа се принтаат со бетон и специјален 3Д-принтер. Блоковите се означени за полесно склопување и имаат додадена рачка за полесно ракување.
