3 работи што ќе ги најдете во најновата експанзија за The Elder Scrolls Online

Најновото поглавје за ултра популарната ММО игра, The Elder Scrolls Online, излезе пред само два дена и краткото време го искористивме за да максимално откриеме кои се новитетите во играта. Иако можете да посветите часови и часови во најновото поглавје, кое се вика High Isle, впечатокот е дека студиото и овојпат решило да игра на сигурно и ни милиметар не застранува од претходно зацртаниот урнек. Токму поради тоа, освен една работа, сè останато чекори по истиот пат како и сите претходни експанзии и, искрено, не сме импресионирани од недостатокот на храброста за поголема инвентивност.

3 работи кои ги донесе High Isle

-3-

Целосно нова приказна на целосно нова територија, со бројни главни и споредни квестови. Мапата е со приближна големина како и претходните мапи од експанзијата, а квестовите не само што се впечатливи и невообичаени, туку и се потпомогнати со квалитетна глума. За да поминете низ сите квестови ви требаат најмалку 20 часа, но доколку решите полека да го играте поглавјето, со примарен фокус на истражување, гледате во добри 30 часа. Најголемиот проблем е тоа што откако ќе ги комплетирате сите квестови, мапата станува убава, но празна и неинспиративна лушпа во која нема да сакате да поминете повеќе време со истиот лик.

Buy The Elder Scrolls Online: High Isle Upgrade (PC) - TESO Key - GLOBAL -  Cheap - G2A.COM!

-2-

Двајца нови сопатници кои ќе ве придружуваат и ќе ви помагаат во пресметките. Се работи за механиката која беше воведена со претходната експанзија. Сосема очекувано, нема никаква инвентивност или продлабочување на овој систем. Супер се ликовите и нивните лични квестови се повеќе од задоволителни, но штом почнат да ве придружуваат, автоматски се претвораат во сенки од она што беа за време на квестовите – здодевни роботи кои само ве следат, кажуваат едни исти работи и болно споро се надградуваат. Не помага ни тоа што за да ги отклучите сопатниците на други ликови, морате одново да ги решавате истите долги лични квестови.

The Elder Scrolls Online introduces two new companions to the High Isle -  Deluxe News

-1-

Единствениот вистински новитет во High Isle е новата мини игра во форма на игра со карти, која се вика Tales of Tribute. Можете да отклучувате и откривате нови шпилови со карти со кои играте игри со бројни (NPC) ликови. Повеќе од очигледно е дека многу време е посветено на утврдување на уникатните правила и механики поврзани со играта со карти, но авторот на овој текст никако не ужива во ваквата форма на забава и не можеше да се натера ни да ги заврши квестовите поврзани со мини играта.

Learn How To Play Tales Of Tribute Card Game Coming With High Isle Chapter  - Xynode Gaming

-0-

Покрај ова, на располагање имате и целосно нов трајл. Dreadsail Reef е вистински предизвик за до 12 играчи и крие исклучително корисни награди за најтрпеливите. Паралелно со ова, имате нови настани во форма на вулкански ерупции кои кријат нови предизвикувачки непријатели, како и нови босови.

High Isle Preview—Dreadsail Reef Trial - The Elder Scrolls Online

Со оглед на цената на експанзијата очекувавме барем некаква инвентивност. По прв пат забележуваме колку е новата мапа исклучително празна, едвај да наидуваме на вистински играчи. Нешто нѝ кажува дека студиото зад играта навистина треба да го преиспита моделот на експанзии доколку сака да ја задржи базата од играчи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments