3 од 4 програмери користеле вештачка интелигенција, само 17 отсто ја користат цело време

Вештачката интелигенција (ВИ) го менува начинот на кој живееме и работиме, а програмирањето не е исклучок. Со растот на моќни алатки за генерирање код, како што се ChatGPT и GitHub Copilot, девелоперите сѐ повеќе се соочуваат со прашањето: „Како ВИ ќе влијае на нивната професија?“. Кај дел од нив веројатно постои страв од тоа дека вештачката интелигенција ќе ги замени, а многумина ја гледаат како алатка која ќе ја зголеми продуктивноста и ќе им овозможи да се фокусираат на покреативни и стратешки задачи. Сепак, се поставуваат и прашања за точноста на кодот генериран од ВИ, како и за потенцијалните етички дилеми.

Секако не е никакво изненадување дека најголем дел од програмерите барем од љубопитство ѕирнале како изгледа код напишан од вештачка интелигенција. Оваа недела Wired сподели супер интересни резултати од анкета направена на 730 програмери. Покрај тоа што беа заинтересирани за тоа кој и како користи вештачка интелигенција за програмирање, Wired го искористи написот за да го тестира ChatGPT. Вештачката интелигенција главно им помогна во сортирањето на податоците, но и со анализа на трендовите и со некои совети за дизајнот. Учесниците во анкетата се измешани, иако голем дел се програмери со повеќе од дваесет години искуство.

Резултатите на истражувањето покажуваат дека најголем дел од програмерите користат вештачка интелигенција. Дури 3 од 4 девелопери некогаш користеле вештачка интелигенција, поголем дел од нив ја користат еднаш неделно. Она што може да е интересно е дека 17 отсто ја користат секој ден или „постојано“.

Што се однесува до ставот кој го имаат кон вештачката интелигенција, тука мислењата се речиси изедначени. Најголем дел 38,4 отсто се песимисти; 35,6 отсто се оптимисти, а 26 отсто се агностици. Најголем дел од песимистите се помеѓу 10 и 20 години во струката. Кај програмерите со над 20 години искуство речиси и да нема разлика помеѓу бројот на оптимисти и песимисти.

Разлика постои и во начинот на кој се користи вештачката интелигенција. Новите програмери користат прелистувач или апликација. Програмерите со повеќе искуство користат интегрирани алатки за вештачка интелигенција.

Фриленсерите повеќе ја сакаат вештачката интелигенција

Програмерите кои работат фриленс се поголеми оптимисти кога генерирањето на код е во прашање. Според анкетата, ако прашате фриленсер имате 33 отсто поголема шанса да добиете оптимистички одговори на прашањата поврзани со вештачка интелигенција.

Сите користат вештачка интелигенција

Половина од работодавачите плаќаат за сервиси за вештачка интелигенција. Две третини од вработените ја користат оваа вештачка интелигенција. Само 4 отсто од програмерите користат вештачка интелигенција без знаење на работодавачот.

Интересно е мислењето на девелоперот и стример ThePrimeagen кој смета дека кодот кој е генериран од вештачка интелигенција не е најдобар. Објаснувањето може да го погледнете тука:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments