0 коментари 2 мин. читање 24 март, 2025

Фишинг напад под маска на ФЗОМ

Ова понеделничко утро имаше активен фишинг напад под маска на Фондот за здраствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Лажната адреса која беше искористена за овој фишинг напад беше fzom.net, додека пак официјалната страница на ФЗОМ е fzom.org.mk.

Како и секој друг фишинг напад, целта на оваа страница беше да украде лични и финансиски податоците на граѓаните.

Во моментов на пишување на овој текст, страницата веќе беше недостапна, што покажува дека реакцијата за нејзино отстранување била брза.

Според овој принт скрин се гледа дека страницата била изгенерирана за брзо време. Односно, бил искористен хостинг софтверот Plesk.

Останува времето да покаже дали страницата ќе биде повторно активна во текот на денот или следните денови.

За ние да успееме да сме безбедни треба да бидеме подготвени и внимателни цело време. За напаѓачот да успее да украде одредени податоци треба да го направи тоа само еднаш.

Повеќе информации на LinkedIn објавата на Божидар Спировски.

Останете внимателни!

Avatar photo
Напишано од

Љубомир Давитков

Љубомир Давитков е автор соработник на IT.mk, софтверски инженер, а во слободно време пишува tech блогови и вежба карате.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top