3 демо игри за исполнителен викенд: Driving Is Hard, Death Howl и Fluffy Sailors

Новиот викенд носи и нова серија од обврски. Во случај да живеете 200 на саат и немате многу време за гејминг, би можеле да се подружите на кратко со демо верзии на игри што допрва ќе излезат. За среќа, копавме широко и длабоко. Како резултат, би можеле одново да се уверите дека возењето е тешко, да си ја пробате среќата како морнар или пак да завивате како да ќе нема утре.

3 демо игри за исполнителен викенд: Driving Is Hard, Death Howl и Fluffy Sailors

Driving is Hard: предизвикувачко возење

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на игри како Getting Over It with Bennett Foddy и A Difficult Game About Climbing
  •  Сакате возење, но на откачен начин
  •  Ја негувате илузијата дека сте трпелива личност

Driving is Hard е сосема нова авантура каде што играчите се соочуваат со предизвикот на возењето. Мислевте ли дека возењето е лесно? Ова е игра која ќе ве натера да размислите уште еднаш, особено кога ќе почнете да возите на откачени места и да си ја скубете косата со секое неочекувано паѓање во бездната.  

Driving is Hard  е интензивна авантура заснована на прецизно возење. Но, ова возење го враќа Џеф и во минатото, возејќи го низ лични и проблематични сеќавања. Како и да е, контролите делуваат интуитивни, принудувајќи ве да се движите вниматело стрмните падини и низ предизвикувачки препреки.

Финалната верзија ќе ви дозволи да се возите и да се соочите со внатрешните демони на Џеф низ осум области кои се одликуваат со разнолики препреки. Играта е инспирирана од наслови како Getting Over It with Bennett Foddy и A Difficult Game About Climbing. На 31 јануари, Driving is Hard се спрема да ги тестира вашите вештини и трпение.

Повеќе детали за играта


Death Howl: трогателното патување низ смртта

Зошто да ја играте?

  •  Ви се допаѓаат soulslike и deck builder игрите
  •  Приказната за една мајка која се бори со најголемата загуба
  •  Уникатен визуелен стил

Death Howl е атмосферска игра која ве води низ светот на духовите. Комбинирајќи елементи од soulslike и deck builder игрите, чедото на The Outer Zone нуди невообичаено искуство каде користењето стратегија е од клучна важност.

Во заборавен свет обвиен со митови, Ро – ловец од мало племе – е совладана од смртта на нејзиниот син. Водена од гласови од друг свет, таа преминува во царството на духовите. Но, она што почнува како надеж за враќањето на синот, брзо преминува во приказна за тага, заздравувањето и отпорност.

Покрај предизвикувачкиот turn-based гејмплејот преку користење шпил од моќни карти, како и шамански тотеми, Death Howl ветува емотивно и возбудливо патување низ светот на духовите. Со својата уникатна комбинација на жанрови, играта ќе ве натера да размислувате стратешки и правилно да се адаптирате на предизвиците.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: The Outer Zone
  • Издава: 11 bit studios
  • Жанр:deckbuilding
  • Платформа: Microsoft Windows

Fluffy Sailors: Roguelite на море

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на пиратски игри со акцент на поморски битки
  •  Интересна комбинација од roguelite елементи
  •  Слатки суштества и преубава графика

Fluffy Sailors е шармантна roguelite игра во која сте дел од возбудливи поморски битки. Играјќи со неодоливо симпатични пирати, ќе давате се од себе да ги заробите непријателските бродови и да ја оправдате вербата на  нејзиното височество!

Во преубавиот шаренолик свет, ќе можете да управувате со најразлични пиратски бродови и да користите најразлични оружја и тактики за издвојување победа. Како напредувате низ играта, така ќе отклучувате вештини кои ги прават вашите напори да се поефикасни (поголема издржливост/ деструктивност, и слично).

За пофалба е одлично оптимизираниот графички енџин, како и слатките суштества кои се задолжени за управување на вашите бродови. Fluffy Sailors е ситно, но динамитно пакување кое крие тони забава, особено доколку сте фанови на поморски битки со roguelite жичка.

Повеќе детали за играта

  • Произведува:  Skaldery Games
  • ИздаваSkaldery Games
  • Жанр: roguelite
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе во:  март 2025

Се надеваме дека ќе ви бидат интересни демо верзиите кои ги одбравме за вас. Се работи за парче од една поголема, но крајно ветувачка целина. Driving is Hard излегува на крајот на овој месец, додека Fluffy Sailors – во март. За Death Howl сеуште не се знае, но бидете сигурни дека it.mk со задоволство ќе сподели повеќе информации во моментот штом станат достапни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments