
Антена 5 оваа година бележи 25 години, честитки :) Гледајќи низ призма на технологијата, 25 години е премногу време, па споделете со нас како технологијата низ годините го промени медиумот радио?
Зоран Петров: 25 години технологијата во Антена 5 е во постојан развој и имплементација. Приоритет ни е со студиската и предавателна опрема да имаме високо квалитетен прием на сигналот како и добар звук, со интернет технологиите секогаш гледаме да бидеме во чекор со тоа што нас ни користи за да бидеме присутни во тој дел на достапноста до публиката. Во моментов имаме три дигитални стрима на интернет 128к, 64к и 32к. Антена 5 во изминатите години имплементирала неколку технолошки новитети кои од денешен аспект можеби изгледаат смешни меѓутоа сепак се историја.
- 1995 – Први на Балканот имплементиравме РДС Радио Дата Систем за поврзување на предавателната мрежа.
- 1995 – Стартувавме програма за автоматско компјутерско радио емитување на реклами и музика.
- 2000 – Инсталиравме прво комплетно Дигитализирано Студио,
- Пред 24 години 1995 Антена 5 беше меѓу првите европски радио станици кои имаа WEB и кои ја емитуваа програмата во живо на интернет преку Real Audio.
- 1998 – Воведовме 7 интернет музички стилски канали кои се стримуваа преку нашиот веб сајт.
- Прва промовираше СМС поврзаност со публиката, 2001.
Технологијата е секогаш присутна. ги следиме сите нови процеси што се однесува до студиска и предавателна техника.
YouTube стана водечки медиум за слушање музика “on demand”, Spotify и сличните стриминг платформи се сѐ попопуларни, во меѓувреме на YouTube, Facebook и Instagram постојано има преноси, поткасти во живо на разни настани. … како ова влијае на радиото како медиум?
Зоран Петров: YouТube и другите платформи секако дека се придобивка на новото време меѓутоа има еден момент кој ги следи сите нив. Разликата е што во морето на безброј постирани или поставени содржини корисниците тешко или конфузно се снаоѓаат. Тука доаѓа до израз инфлуенсот кој доаѓа од традиционалните медиуми кои во следното време зависно од територијалната застапеност веќе пласираат плејлисти за сервисите од типот на Spotify, Deezer… Меѓутоа не треба да се заборави и дека тие сервиси се наплаќаат.
Инфлуенсот кој доаѓа од веќе познатите и признати диџеи или радио водители или луѓе докажани на поле на музички избор во следниот период ќе биде пресуден и за тие сервиси да продолжат да функционираат. Тоа е како да се зачлените во библиотека со милион наслови на книги и да не знаете која да ја изберете за читање. Или ќе дознаете наслов од некого кому му верувате или ќе губите време истражувајќи сами. Антена 5 ја има сигурно единствената Facebook фан страна во Македонија која има над 150 илјади organic фанови кои сме ги стекнале без плаќање или бустирање на постови.

Ние ги користиме социјалните медиуми само за ПР и промоција на тоа што го работиме, меѓутоа сме сфатиле дека не мора на секои 5 минути да ги малтретираме нашите фановите со сѐ и сешто. Ние имаме сопствен медиум каде што ја емитуваме и си ја промовираме нашата содржина како формат и целна група на публика на која и се обраќаме. Радиото е се уште најшироко достапниот медиум во светот кој е бесплатен. Изборот на музиката и некои ексклузивности како програма сѐ уште ја носат нашата препознатливост а секако тука е и грижата за довербата на публиката која сме стекнале во изминатите 25 години.
Кој ИТ/технолошки тренд/настан според вас ја одбележа 2018-та во вашата индустрија? Што очекувате од 2019, во поглед на технологијата и вашето делување?
Зоран Петров: Кај радиото работите се прилично јасни. DAB + трансмисијата во следниот период ќе овозможи дигитална содржина и квалитетен звук и алтернативни сервиси меѓутоа предолго се чекаше на производителите на опрема и на автоиндустријата да ги имплементираат тие можности . Толку долго што Apple Carplay и Android Auto поврзливоста како и стримингот преку интернет полека ќе го превземат тој дел. Меѓутоа поврзливоста и количината на потрошен интернет е сѐ уште скап трошок за консументите ако се споредува со ФМ или DAB трансмисијата.
Технолошки работите одат многу брзо. Дури пребрзо. Понудата е преголема од секој аспект. Меѓутоа мора да се знае дека времето и можностите на консументите се ограничени. Имам некое чувство дека од премногу содржини и понуда и како технологија и како контент луѓето почнаа полека да го губат фокусот и во таа нивна збунетост, како повторно да почнува да се канализираат некои форми на консумирање на содржините. Дел од истражувањата покажуваат дека целните групи мигрираат од една Social Media платформа во друга. Новите Consumer Electronics производи ќе имплементираат вештачка интелигенција и 5G технологии кои се повеќе ќе го олеснуваат пристапот но сепак на крајот консументите ја бараат едноставноста и прецизноста и на пристапот и на содржината. Голем дел од производителите го поедноставуваат пристапот, меѓутоа и самите сме сведоци дека во еден дел се вративме 50, 60 години назад.
Се гледа телевизија на мобилен или таблет на мал екран од 4, 5 или 6 инчи, Се купува музика по една песна и се слуша на разни типови квалитет слушалки или замислете на моно мултирејнџ Bluetooth звучник. Тоа е исто како во 50-тите години од минатиот век во времето на Елвис Присли, Битлси, Ролинг Стоунс кога луѓето купувале една сингл плоча и ја слушале на грамофони со еден звучник. Достапноста е зголемена меѓутоа квалитетот на консумирањето е компромис со кој најверојатно ќе функционираме уште некој период.
Замислете го вашиот ранец како изгледа денес и колку денес тој е тежок. Внатре имате лаптоп, полнач, за секој случај екстерен хард диск доколку немате интернет да пристапите на Cloud, Bluetooth слушалки или звучник, VR очила, и се разбира најмалку една појака екстерна батерија и 10-тина кабли со сите типови на конекции за да се поврзете за charging. Мислам дека сето тоа заедно е потешко од старата чанта со лаптоп од 90-тите години која заедно со полначот и маусот тежеа околу 5 килограми. И на крајот заклучокот е дека останува само уште да се појави можноста некако си купиме “ ВРЕМЕ ” за да може сите овие погодности, удобности и нови технологии да ги уживаме на вистинскиот начин.

Жарко Димитриоски: Различно ко ден и ноќ Во почетоците, во А1 и А2 уште користевме касети, немаше камери на картички, немаше снимање во високи резолуции, ништо такво. Се снимаше со три камери од кои сите го снимаат материјалот на своја касета. Во тоа време снимавме во простории на фабриката Охис, а како режија служеше камионот на А1, т.е. репортажното возило. Видеото од трите камери и аудиото одеше во репортажното возило од каде на четврта касета се добиваше измиксан материјал, т.е. мастер верзијата на емисијата. За да оди во етер материјалот од касета се конвертираше дигитално (процес кој трае онолку колку што трае емисијата бидејќи одеше секунда по секунда), а не дај боже да сакаш нешто да прикажеш што не било “фатено“ на камера бидејќи тогаш треба да моташ низ касетата од токму таа камера за да го најдеш истото, конвертираш, па потоа да го лепиш над мастер верзијата. Мачен, мачен процес… Сега работите се поедноставни. Емисијата е комплетно во сопственост и продукција на Еден на Еден маркетинг агенцијата која изнајмува студио и целокупна техничка опрема. Се снима live-to-tape т.е. речиси и да нема едитирање отпосле иако, секако се случува нешто да треба да се извади, но генерално се снима онака како што оди во етер. Се е дигитално, материјалот од сите 4 камери се добива заедно со мастер верзијата, било какво менување е прелесно за разлика од порано. Порано архивиравме на ЦД, сега на хард дискови , а емисијата ја пакуваме за етер во едно малечко УСБ стикче кое се носи до телевизијата и тоа е се.
Еден на Еден го има и на ТВ и на YouTube. Каков е соодносот на гледање на емисијата на ТВ наспроти YT?
Младите денес се чини дека растат со YouTube и без телевизија, ќе се согласите ли со изјавата дека за 10 години овој сооднос ќе биде комплетно променет или…?
Што очекувате во 2019, во поглед на технологијата и вашето делување?
Жарко Димитриоски: Се уште чекам јавно да отиде алгоритмот со кој ќе ставиш преференции и софтверот сам ќе ти измонтира се што сакаш.
Најчитани написи на IT.mk во 2018 на оваа тема:



