
Гораст Цветковски: Оваа година сѐ беше во знакот на (прво) God of War, а потоа за Red Dead Redemption 2. Две мастерпис игри кои за жал (за сега) се ексклузиви само за конзоли. Обичните смртници на PC ќе играат Fortnite која за чудо беше номинирана за Игра на годината. Како настан го бирам Vip Game Fest 2018 во кој бев дел од организацијата (шуќур). На повидок е гејм конвенција и фестивал која има потенцијал да се развие во сериозно случување во околината.
Која игра беше најголемо разочарување за 2018 и зошто?
Гораст Цветковски: На полето на игри има еден куп разочарувања… впрочем има повеќе разочарувања отколку добри изненадувања. Во сферата на хардверот не се појави (повторно) конкуренција на Intel. AMD најавуваа неколку пати враќање на сцената, но ништо од тоа не видовме. Графичките картички повторно ја кренаа цената. Иако кај новите 2080 RTX картици се појавија сериозни проблеми, тие продолжуваат да држат висока цена.
Виктор Георгиев: Од 2019-та година во турнирското играње на Magic се враќа форматот на PTQ-a. Toa се квалификациски турнири за Pro-Tour турнирите – најјаките Magic турнири, со најголеми парични награди. До сега, за да се пласира некој на Pro-Tour требаше да победи на PPTQ турнир, а потоа да биде барем четврто-пласиран на PTQ турнир. Сега е скокната првата инстанца и само треба да се победи на еден PTQ турнир, со што се добива директен пласман на Pro-Tour. Доколку изминативе две години беше на сила ова, ние ќе имавме тројца учесници на Pro-Tour. Со оваа промена се отвора директен и најбрз пат до најсилниот турнир за играчите од вакви мали заедници.

Гораст Цветковски: Ова треба да биде многу плодна година. Metro Exodus, Anthem, Rage, Gears 5, Death Stranding… а, од настани се разбира Vip Game Fest 2019 :D
Виктор Георгиев: Според најавите и домашните креатори и издавачи на игри нема да мируваат во 2019-та. Archona Games меѓу другото спремаат age-of-exploration верзија на Small Star Empires, а Final Frontier Games, покрај другите активности, ќе имаат нова игра со железничка тематика.
Најчитани написи на IT.mk во 2018 на оваа тема:



