Facebook сака да ја купи апликацијата за навигација Waze?

Facebook e во финална фаза на преговорите со Waze да го интегрира израелскиот стартап за цена од 800 милиони долари, јавува израелскиот Calcalist. Според овие податоци компаниите се во завршна фаза на преговорите и во моментов е останато детално разгледување на финансикото работење.

Преговорите траат веќе шест месеци, иако првично за Waze се интересираа и Apple и Microsoft, но се чини дека сега во предност за аквизиција на Waze се Facebook. Двете компании соработуваат од октомври, а оттогаш Waze може да презентира податоци на друштвената мрежа. Доколку се оствари аквизицијата на Waze ќе биде втората најскапа, по милијардата која ја дадоа за Instagram. Изгледа дека парите ќе бидат одлично потрошени со оглед на тоа дека Waze е единствено зад Google Maps според бројот на корисници и се проценува дека апликацијата има околу 45 милиони корисници кои споделуваат информацииза сообраќајот, рути и мапи за полесно снаоѓање.

Интрересно, но слично како и Facebook, Waze има проблеми да ја искористи својата популарност, па за да продолжи да биде конкурентни со Google мора да бара поддршка од поголема компанија. Facebook пак ќе добие нови 45 милиони корисници кои ќе пристапуваат преку паметни телефони, токму рекламите на телефоните и носат најголем приход на друштвената мрежа и ќе бидат фокусирани во иднина. Иако мапите на Google се без конкуренција во Северна Америка и Европа, корисниците од државите во развој велат дека мапите на Waze се без конкуренција во Бразил, Уругвај или Индонезија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments