Креаторите на видеа ќе можат да заработат со Аmazon Video Direct

во Веб

Image courtesy of Amazon

Amazon ги предизвикува YouTube со нова видео платформа. Amazon Video Direct ќе им овозможи на креаторите на содржина да заработат од своите видеа, преку исплати за секој прегледан час од Amazon Prime корисниците, или од реклами од сите останати корисници. „Можностите за дистрибуција се побројни од било кога досега. Со Amazon Video Direct за прв пат има можност креаторите на видео содржини да ја достават својата содржина до сервис кој добро ќе ги исплати“, вели Џим Фриман од Amazon Video.

Amazon Video Direct е најновиот додаток на ТВ-екосистемот на Amazon, чии дел се и гејминг платформата Twitch и сериите на Prime. Слично како и YouTube сервисот на Amazon ќе им помогне на креаторите на содржина да дојдат до својата публика. Успехот на платформата се чини зависи најмногу од тоа, дали Amazon ќе успее да ги привлече најинтересните содржини на својата платформа. Компанијата на креаторите на содржина им нуди неколку начини на заработка: од продажба на сериите, стримање на Prime корисниците или бесплатен стрим до сите и заработка од рекламите. Токму заработката може да мотивира дел од креаторите на содржина на YouTube да се префрлат на Amazon, сепак со оглед на ограничениот пазар и иста заработка од рекламите, најверојатно овој модел нема да биде прв избор на крeаторите.

Видеата за почеток ќе бидат достапни во огранилен број на пазари: САД, Германија, Австрија, Јапонија и Велика Британија. Партнери на Amazon му се Conde Nast Entertainment, HowStuffWorks, Samuel Goldwyn Films, the Guardian, Mashable, Mattel, StyleHaul, Kin Community, Jash, Business Insider, Machinima, TYT Network, Baby Einstein, CJ Entertainment America, Xive TV, Synergetic Distribution, Kino Nation, Journeyman Pictures и Pro Guitar Lessons.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments