Холандската Symphony Solutions отвора канцеларии во Македонија

Холандскиот производите на софтвер Symphony Solutions официјално го објави својот влез во Македонија. Во моментов компанијата вработува 30 развивачи на софтвер, а до крајот на годината според најавата оваа бројка ќе достигне 50. Предвидувањата се дека компанијата до крајот на 2017 година само во Македонија ќе вработува 200 луѓе, иако сега во сите држави каде работат имаат помалку од 300 вработени.

„Растеме брзо! Symphony Solutions има нова канцеларија во Македонија. Навистина сме среќни и возбудени што може да ги споделиме нашите идеи и професионален пристап во уште една држава“, велат од Symphony Solutions во кусото соопштение на својoт вебсајт.

Компанијата изработува IT решенија, работи со бизнис оутсорсинг и нуди консултантски услуги. Што се однесува до развојот на специјализирани софтверски решенија, тие се базирани на Java, а Symphony Solutions се препознаени како една од 20 најветувачки компании за Java решениjа од CIOReview. Пазарот на компанијата е лоциран во Западна Европа и Северна Америка, а освен во Македонија, Symphony Solutions има канцеларии и во Украина и Полска.

Компанијата ја избрала Македонија поради високвалификуваните студенти и искусните професионалци во IT-секторот, вели сопственикот на компанијата Тео Шифник. Изборот за отворање на канцеларии во Источна Европа, наместо во Азија, е поголемата блискост на културата, покусиот период потребен за патувањата, непостоењето на виза, и блискоста на временските зони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Galyna
10 years ago

Како вработен во оваа компанија јас сум среќен и горд да слушнам вакви одлични вести. Им посакувам успешен почеток на Symphony Solutions во Македонија! Повеќе информации за нашата компанија можете да најдете на следниот линк: