Mистериозна хакерска група имала пристап до американски институции цели 4 години

Мистериозна хакерска група, спонзорирана од влади на други држави од 2011 година има пристап до владини документи на САД, вели Motherboard. Постоењето на групата која Федералното истражно биро (FBI) ја води под име APT6 е jавно објавено, и иако не е официјално потврдено се смета дека групата е финансирана од Кина. APT6 е кратенка за Advanced Persistent Threat 6, а иако групата постои долго време нема доволно податоци за неа.

Податоците до кои дошла групата се чувствителни, како лични податоци на неколку милиони владини работници, па дури и шпиони. Напаѓачите имале пристап до податоците од 2011 до 2015 година, кога се суспендирани домените под нивна контрола. „Изгледа дека биле внатре со години пред да бидат откриени“, вели безбедносниот експерт Мајкл Адамс. Федералното истражно биро вели дека ова е вообичаено известување до нивните партнери. Но, присуството на хакерите толку долго време, најверојатно им овозможило сè уште да имаат контрола врз некој од системите. Јавната објава на FBI најверојатно е предупредување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk