0 коментари 2 мин. читање 5 април, 2016

Апликација на денот: Where Is My Cash е македонска апликација за менаџирање на парите

Where Is My Cash е бесплатна iOS апликација изработена од Мартин Џонов. Како што наговестува и името, апликацијата им овозможува на корисниците да проверат како и на што ги трошат парите. Eдноставна e за користење и во неколку кликови овозможува внесување на цените на производите и услугите на кои корисникот ги потрошил парите. Сметките може да се поделат во групи, да се додаде локација каде се потрошени парите, и бидејќи дизајнот е симплистицички, нема можност корисникот да се изгуби во неа. Дополнително може да се разгледа трошењето за секој ден, а со оглед на тоа дека апликацијата може да им покаже каде трошат повеќе од предвиденото, корисниците можат во иднина да заобиколат некоја од продавниците или да се откажат од претплата доколку сметаат дека не ја искористуваат во целост.

Засега Where Is My Cash е достапна единствено на iOS, но во процес е развој на Android верзија, вели Мартин. Where Is My Cash секако не е единствената апликација која ќе ви покаже на што ги трошите парите, која може да ви помогне за финансиска дисциплина. Апликацијата доаѓа без скриени трошоци и без ограничувања за нејзино користење.

whereismycash

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top