Мicrosoft има одлични вести за корисниците на Skype на Windows 8+. Компанијата се откажа од „модерниот Skype“ и најави дека ќе ги спои пораките, видео и гласовните повици во една универзална апликација. Планот на Microsoft е да ја задржи традиционалната Skype апликација која сите ја знаеме за десктоп корисниците, но за тие што користат Metro мод на Windows или паметни уреди како таблет или телефон, ќе требаше да ја користат таа „модерна верзија на Skype“.
Новата Skype Universal Windows Platform наскоро ќе биде достапна на корисниците на Windows 10 Insider, најавија на блогот на Skype. Новата верзија ќе го спои трите апликации Messaging, Calling и Video во една апликација, но трите посебни апликации ќе останат, доколку корисниците продолжат да ги користат ќе останат достапни и понатаму, вели претставник на компанијата за ZDNet.
За мобилната платформа т.е. таблет комјутери и телефони, одделените апликации најверојатно ќе бидат заменети со единствената апликација. „Дознавме дека користењето на апликациите фокусирани на специфилна задача зависи од големината на екранот. За мали екрани интегрираните апликации се одлични за поголеми, како лаптопи и десктоп приказната е различна“, вечо Барби Стафорд од Skype.







