Разликата вo платите на мажите и жените кои работат во ИТ секторот е реалност, која не е фер бидејќи и девојките и машките го поседуваат истиот талент. Според анализата на Glassdoor, жените-програмерки заработуваат 76 центи за истата работа за која колегите мажи заработуваат 1 долар. За анкетата се испитани над 500.000 испитаници и над 140 професии, но интересно е што резултатите се контрадикторни од анкета на American Association of University Women која вели дека нема разлика во платата.
Резултатите покажуваат дека мажите во просек заработуваат 24,1 отсто повеќе од жените, но доколку се споредат вработени со ист број годни, образование и работно искуство, јазот се намалува на 19,2 отсто. А за мажи и жени со иста титула, работодавач и локација, платежниот јаз е 5,4 отсто. Резултатите се слични во петте држави кои беа анализирани: САД, Велика Британија, Австралија. Германија и Франција. Разликата во платите е најниска во Австралија каде е 3,9 отсто.









Добро што го открија ова. Отсега само женски ќе вработуваме зашто, нели, поефтино е.
А за мажи и жени со иста титула, работодавач и локација, платежниот јаз е 5,4 отсто.
Значи не е 20 посто туку 6