Nvidia претстави графичка картичка со 24GB RАМ и цена од 5.000 долари

Nvidia Quadro M6000 е нова графичка карта која доаѓа со 24 GB меморија што е нечуено до сега. Сепак, пред да се затрчате кон продавнициа, новата картичка е наменета за гејминг фанатиците кои можат да одделат 5.000 долари за неа. Претходната серија на професионални графички картички доаѓаше со половина од овој RAM.

Картичката доаѓа со Maxwell 2 процесор GM200, со фреквенција од 1.140 MHz и GDDR5 меморија. Quadro M6000 е надградба на претходниот M6000 модел кој доаѓаше со 12 GB RAM. Овие професионални картички доаѓаат со специјализирани драјвери кои се потполно компатибилни со скапиот софтвер за моделирање и рендерирање. Картичката е пред сѐ наменета за 3Д-моделирање, графички софтвер и рендерирање, но и за решавање на комплексни пресметки, како предвидување временска прогноза, препознавање на ликови и рударење за биткоин, јави Digital Trends.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments