0 коментари 1 мин. читање 11 март, 2016

AI Scry е нова апликација која користи невронска мрежа за да го препознае светот

AI Scry е нова iOS апликација која користи невронска мрежа за да ги идентификува предметите кои се наоѓаат во нејзината околина. Апликацијата е едноставна за користење, со насочување на камерата на телефонот кон предметите, ги препознава предметите и преку „етикети“ или преку глас, ги прикажува на екранот и го информира корисникот.

Сепак иако користи вештачка интелигенција, засега се чини дека AI Scry не е премногу интелигентна. Корисникот може да одбере колку точни/прецизни да бидат резултатите преку индикатор на долниот дел од екранот. Поставувањето на контролата најдесно дава можности за нагаѓање, иако според Vergе, апликацијата прикажува погрешни резултати и тоа премногу често.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top