0 коментари 2 мин. читање 10 март, 2016

Facebook купи апликација за промена на лице на фотографии

Facebook можеби работи на уште едно изненадување сo емотиконите. Компанијата е нов сопственик на креаторите на iOS апликацијата Masquerade, која е апликација за уредување фотографии со најразлични филтри, и најважно со можност за промена на лицата. Masquerade не е единствената апликацијa која го овозможува ова, но во моментoв е на прво место на App Store.

Засега за поставување на филтри на своите фотографии корисниците на Facebook користат надворешни сервиси, но најверојатно, благодарение на Masquerade, наскоро ќе може ова да се направи, директно од апликацијата. Дополнително апликацијата ќе продолжи да функционира како и досега, надвор од социјалната мрежа.

„Возбудени сме од здружувањето со Facebook, ќе можеме да ја направиме технологијата достапна до повеќе луѓе. Со Facebook ќе можебе да допреме до луѓето како никогаш порано. За почеток ќе можеме да ја понудиме технологијата на 1,6 милијарди корисници на социјалната мрежа. На волкав голем број на корисници, не помислувавме никогаш“, вели тимот зад Masquerade.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top