0 коментари 1 мин. читање 9 март, 2016

НајдиАвтомобил.мк е агрегатор за огласи за автомобили

НајдиАвтомобил.мк е нов македонски сервис за огласување на автомобили. Но, станува збор за агрегатор на огласи, кој на едно место ги презентира сите огласи за автомобили и овозможува нивно споредување и сместување на огласите во листа „омилени“. НајдиАвтомобил ги агрегира огласите од Pazar3, Vrapce и Reklama5.mk. Она што е навистина корисно е филтерот, кој овозможува филтрирање по производител, модел, цена и време за излегување на огласот.

Ова е втор специјализиран агрегатор за огласи кој може да го забележиме во релативно кус период, откако минатата година беше претставен НајдиДом.мк, агрегатор за трговија со недвижнини. Со ова се покриени двете најголеми и најверојатно најпопуларни категории за огласување во моментов.

najdiavtomobil

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top