Само во првите два месеци од 2016 година европскиот стартап екосистем, вклучувајќи го и Израел, успее да собере инвестиции во вредност од 2,66 милијарди евра. Овие средства се инвестирани во 527 различни зделки, јави Tech.eu. За споредба, во истиот период инвестициите изнесуваа 1,99 милијарди евра, во половина помалку зделки. Ова е пораст од 34 отсто во инвестициите и 158 отсто во број на инвестиции.
Добар дел од овие инвестиции, 56, се над 10 милиони евра, а повеќе од половина или 316 се над 5 милиони евра. Најинтересни според бројот на инвестиции се Франција (97), Велика Британија (96) и Германија (69). Според инвестициите, Велика Британија води со 869 милиони евра пред Израел (587) и Франција (370). Интересно на седмото место според инвестициите е Србија. Србија на оваа листа е благодарение на Seven Bridges, медицински стартап кој работи на истражување на геномот на ракот.
Индустриите со најмногу инвестиции се од: FinTech (финансиски решенија), хардвер, продажба, Enterprise SaaS и е-трговија.