0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: CEED Macedonia бара добри стартап идеи

Клубот на бизнис ангели на CEED Macedonia ги повикува сите кои сметаат дека имаат добра идеја да ја презентираат пред нив. Повикот кој требаше да биде затворен на 25 февруари, се продолжува до 21 март, а заинтересираните имаат уште малку време да ја пријават својата идеја.

Од сите доставени идеи ќе бидат одберат пет идеи кои ќе бидат и презентирани пред Клубот на бизнис ангели. Бројот на наградени учесници не е ограничен, па доколку одборот одлучи дека има повеќе идеи кои би сакале да ги чујат, ќе одлучат да бидат презентирани. Сите заинтересирани можат да се пријават на овој линк, а аплицирањето е преку платформата Gust.

Досега CEED Macedonia Business Angels Club инвестираше на двапати, а во фаза на разгледување сe уште четири потенцијални идеи, јави Бизнис инфо.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top