1 коментар 1 мин. читање

Хрватскиот Rimac ќе го претстави својот нов електричен автомобил

Хрватскиот електричен автомобил, Rimac Concept_One, ќе се претстави на Меѓународниот автомото саем во Женева. Спортскиот автомобил е нов концепт со четири мотори кои управуваат со тркалата. Ова овозможува подобра конторла на автомобилот, преку контрола на секое од четирите тркала. Перформансите на Concept може да се споредат со оние на Tesla, така автомобилот забрзува до 100 km/h за само 2.6 секунди, до 200 km/h за 6.2 секунди и до 300 km/h за 14.2 секунди.

12748115_1251194881560710_330188078574058702_o

За разлика од Tesla кои сакаат да создадат автомобил кој ќе им биде достапен на сите, Rimac развиваат ексклузивен хиперавтомобил, чии серии ќе бидат ограничени на стотина, ако не и на само десетина автомобили. „Мојата цел не е креирање на електрична верзија на постоечки суперавтомобил. Сакав да создадам технологија со која ќе креирам значително подобар суперавтомобил – побрз, позабавен и поефикасен. Сакав автомобил на 21 век“, вели Мате Римак основачот на компанијата и креатор на возилото, за Netokracija.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top