0 коментари 2 мин. читање 24 февруари, 2016

Facebook прави мапи на домови со помош на вештачка интелигенција

Facebook користи вештачка интелегенција за мапа на која ќе бидат одбележани сите објекти креирани од луѓето. Користиме AI за да ги анализира сателетските снимки за детална мапа која ќе ја споделиме оваа година, вели социјалната мрежа. „Ги идентификувавме објектите крирани од луѓе како згради и друга инфраструктура, а потоа ги користевме овие локации како показател каде живеат луѓето. Потоа ги комбиниравме со резултати од попис и добивме сет на податоци со резолуција од 5 метри за 20 држави“.

Креирањето на мапите е во соработка со Center for International Earth Science Information Network од Универзитетот Колумбија. Мапата е направена на територија на 20 држави, а треба да им помогне на владите да приоретизираат изградба на инфраструктура за транспорт до здравство и образование. „Дополнително знаењето како заедниците се распоредени, едни во однос на други ова ќе помогне за планирање на преносни мрежи. Села на брег на реки или патишта можат да бодат покриени преки point-to-point линкови, додека распостелени населени места можат да бидат покриени од воздух преку дронови или сателити“.

12679494_1293632433997170_213365557_n

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}