0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Мacedonia2025 дава стипендии на претприемачи

Сите млади претприемачи кои имаат бизнис идеја се поканети за учество на деветтиот Leader проект на Macedonia2025. Повикот е отворен, а 40 учесници ќе добијат целосни стипендии. Проектот е организиран од Ivey School of Business а претставува 10 дневна МБА работилница. Учесниците можат да се здобијат знаења за алатки за анализа, процеси за размислување и вештини за донесување одлуки.

Поканата за учество се однесува на сите претприемачи, менаџери, и на сопственици на компании кои делуваат локално, а мислат глобално, велат од Macedonia2025 во отворениот повик. Работилниците ќе се одржат од 9 до 20 мај. Пријавувањето е започнато, а краен рок е 20 март. Повеќе за програмата и работилниците на Macedonia2025.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top