0 коментари 1 мин. читање 22 февруари, 2016

HTC Vive ќе се продава од април, но оваа виртуелна реалност чини 800 долари

Добри вести за сите кои не се воодушевени од Oculus, но се љубители на виртуелната реалност. HTC Vive ќе започне со испорака на почетокот на април, иако со висока цена од 800 долари.

За споредба Oculus Rift чини 600 долари, но без контролери кои ќе се продаваат посебно. Можеби поважно е што зад Vive освен HTC стои и Steam, а во дигиталната продавница за игри веќе има повеќе игри кои ќе доаѓаат со поддршка за виртуелна реалност. Според HTC, хардверот во уредот е подготвен од поодамна, но сакале да го поправат уредот за да биде поудобен за носење, пренесува Engadget. Еден од новитетите кои се најавени е Vive Phone Services кои овозможуваат проверка на имејл, телефонски разговори, проверка на календари или текст пораки, без напуштање на виртуелната реалност.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top