Меѓумурскиот факултет во Чаковец, Хрватска на своите компјутери инсталира LocataNet, со што ќе бидат први во светот каде што ќе може да се практикува виртуелна реалност за отворен простор, јави Netokracija. Мрежата е дел од Project Wonderland финансиран од Европските фондови, и функционира налик на на GPS, но e далеку попрецизна, а за лоцирање се користат сателити над Земјата
Целата на Wonderland е да биде прототип на виртуелна реалност, но за отворен простор. Ова би овозможило туристите да се вратат во минатото и да разгледуваат настани од овој период, на пример: борби на гладијатори во Колосеумот или на македонско локално ниво, да ја посетите Крушевската република во 1903 година.

Засега се работи истражувачки на универзитетот во Чаковец и во Загреб, и се креирани три прототипи, а се работи и на четвртиот. Истражувачите најавија создавање на стартап во кој ќе може да се доразвие технологијата. Можеби најинтересниот дел е пронаоѓање на кадар. Со оглед на тоа дека станува збор за актуелна технологија, истражувачкиот тим имаше проблеми да најде луѓе. За среќа најзаинтересирани беа студентите, кои сега се дел од проектот. Отворањето на компанијата која ќе продолжи да ги развива уредот и технологијата се најавува за неколку месеци, а покрај ова ќе биде завршен четвртиот и ќе почне работа на петтиот прототип.