Корисниците од Европа можеби наскоро ќе добијат поголеми гаранции за својата приватност и поголем пристап до правото да бидеш заборавен онлајн. Оваа право им е дозволено на корисниците кои сакаат од Google да бидат отстранети стари и ирелевантни резултати, кои им ја нарушуваат приватноста. На пример, линк до некој наслов во весник каде корисникот е обвинет за криминал, иако подоцна се испостави дека е невин. Google вели дека досега има добиено околу 390.000 барања за отстранувања на стари линкови, и реагирал на скоро половината од нив.
Бидејќи правото да бидеш заборавен е право само во Европа, досега Google отстрануваше резултати само од европските домени, односно домени кои се регистрирани во Европа. Тоа значи дека ако биде отстранет, на пример, еден линк на Google.mk тој ќе можеше да се види на Google.com. Но, сега доаѓа најава дека правото да бидеш заборавен Google ќе го почитува за сите свои домени, вклучувајќи го и Google.com. Но, ќе постои географско ограничување. Односно отстранетите линкови нема да се прикажуваат на сите домени на Google, но само во таа земја од каде е поднесено барањето.
Со оваа измена и можноста за регионално блокирање на содржини во зависност од регионот, Google успеа да избегне сериозни проблеми со европските власти, иако законодавците во Франција и Британија му се заканија дека ќе држат будно око врз приватноста на своите граѓани, јави Guardian.