Автономните возила ќе бидат третирани како човечки возачи

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Нова одлука на американското Федералното истражно биро овозможува автономните возила да бидат третирани како обични возила, а наместо оператор на возило, зборовите се сменети во оператор на сигнали. Мерката значи дека наместо да се третираат како роботи, што и се, одговорниот за автономните возила ќе биде човекот кој се вози во нив. Одлуката е одговор на барањето на Google возилата да немаат потреба од човек.

Ова е всушност една од насоките да се креира законодавство во САД што ќе дозволи автономните возила да можат легално да возат во активен сообраќај. Иако во моментот, освен законот, проблем се и техничките можности на автомобилите кои се тестираат од сите производители. Најголем проблем засега е што е тешко да се предвиди како роботските возила ќе реагираат на човечките возачи при големи брзини. Агенцијата за безбедност во сообраќајот сега има шест месеци да го заврши новиот закон и правилник. Тесната временска рамка најверојатно е предизвикана од претседателските избори во САД, со можна промена на администрацијата на претседателот во заминување Барак Обама.

Одлуката на Националната агенција за безбедност на патиштата, стигна во писмо, во кое од Google се бараат детали за автомобилот, кој би доаѓал без педали и волан. Со оглед на тоа дека правилникот има илјада страни и описи од типот „автомобилот се стартува со…“ или „ретровизорот овозможува операторот да има преглед на она што се случува зад возилото“, прилагодувањето на законот ќе биде долго, вели Wired.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments