0 коментари 2 мин. читање 3 мај, 2012

100.000 луѓе се пријавија како донори на органи благодарение на Facebook

Скоро 100.000 луѓе беа охрабрени да се пријават како донатори за органи преку новата апликација на Facebook, преку која корисникот може да ги информира другите корисници дека е донатор. ABC пишува дека на првиот ден од стартот на апликацијата здравствените установи во 10 американски држави имале пријави колку што имале во изминатиот месец , а според податоците на Donate Life America, во Калифорнија бројот на доброволци е зголемен за 700 проценти.

Според експертите иницијативата ќе го подобри донирањето на органи на три начини: со зголемување на бројот на можни донатори, уште еден доказ дека се почитуваат желбите на донаторот за неговата фамилија и можеби најбитно, можноста да се одредат точните донатори за луѓето кои имаат потреба од овие органи.

Во интервју за американска утринска програма, Mарк Закерберг рече дека иницијативата е мотивирана од глобални катастрофи како земјотреси и цунами, од проблемите кои ги има неговата девојка која работи како педијатар и проблемите кои ги имаат лекарите со пронаоѓање на вистинските донатори, но и од неговото пријателство со Стив Џобс кој пред својата смрт добил трансплантација на црниот дроб.

Иако засега пријавувањето за донори одат преку Donate Life America, се надеваме дека наскоро иницијативата ќе стане глобална и на неа ќе се прикучи и македонското здравство.

[youtube]GOC3F3DI1x8[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top