1 коментар 1 мин. читање

Nokia ги тужи HTC, RIM и ViewSonic за прекршување на 45 патенти

Nokia орезема нови чекори кон заштита на своите иновации и интелектуална сопственост, вели финскиот производител на мобилни уреди во својата најава дека ќе поднесе 11 тужби против HTC, RIM и Viewsonic за прекршување на 45 патенти во САД и Германија.

Патентите покриваат најразлична технологија околу антени, радио, менаџмент на батеријата, навигација низ интерфејсот, мултитаскинг, мобилен имејл, динамични менија и енкрипција на податоци.

Nokia вели дека околу 40 компании плаќаат лиценци за користење на стандардна технологија. Но, додека стандардната технологија се води спoред FRAND договорот за фер користење и лиценцирање, тужбите против HTC, RIM и Viewsonic се поради патенти за технологии кои не се индустриски стандарди и се „нопходни“ за нивните продукти.

Интересно, ниту една од тужбите не е кон Samsung и Apple кои сега доминираат со мобилниот пазар, и кои можеби се кривците поради кои Nokia забележува лоши финансиски резултати. Но, Nokia има портфолио од 10.000 патенти и може да се реши да ги искористи за да направи притисок кон посериозните конкуренти. Всушност, во моментот договорите за плаќање лиценци и се поважни на Nokia бидејќи прави повеќе пари од нив отколку од новите Lumia телефони.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top