1. Според анкетата “State of the Blogosphere 2011” на MediaBistro, дури 40% од блогерите се сметаат себе си за професионалци во своите области.
2. Facebook има над 800 милиони активни корисници, од кои само 200 милиони се приклучија на друштвената мрежа во 2011. (Social Media Examiner)
3. Просечниот Facebook корисник има 130 пријатели и е поврзан со 80 фан страни, групи или настани.
4. 73% од интернет корисниците мислат дека луѓето и вработените во компаниите споделуваат и повеќе од потребно информации на друштвените мрежи. (Marketing Pilgrim)
5. Според едно ново истражување на Nielsen, 23% од вкупното поминато време на интернет е на друштвени мрежи и блогови.
6. Користењето на сервиси за автоматско постирање на Facebook го намалува квантитетот на Like-ови и коментари за 70%, вели Inside Facebook. (Inside Facebook)
7. Повеќе од 3.5 милијарди веб линкови, новости, блог постови и слична содржина се споделува на Facebook секоја недела.
8. Twitter има околу 100 милиони активни корисници (корисници кои се логираат на Twitter барем еднаш месечно) и скоро 55% од нив пристапуваат на друштвената мрежа преку мобилен уред. 40% од анкетираните корисници рекле дека не го користат Twitter за да постираат твитови, туку само да ги следат твитовите на останатите корисници. (CNN/Fortune)
9. На што најчесто Twitter корисниците прават ReTweet? На 1) интересни содржини, 2) хумор, 3) лични коментари, 4) статус поврзан со некоја ѕвезда, 5) твитови кои нудат награда, 6) на твитови со “Pls RT!” во нив. (WhiteFireSEO)
10. Во едно истражување на Cisco, 33% од испитаниците ставиле поголем приоритет на слобода во користење на друштвени медиуми и флексибилност во работата отколку на платата при вработување.
Бонус статистика за мобилната индустрија:
Според истражувањето на The Mobile Marketing Association of Asia од 6 (сега 7) милијарди луѓе на планетата, дури 4.8 милијарди имаат мобилен телефон, додека само 4.2 милијарди поседуваат четка за заби.