Спонзориран текст

Зошто се примени само 4% од вкупно 900 апликанти на Code Academy?

Спонзорирано од Code Academy

во feature, ИТ.МК, Спонзорирани

Преку 900 пратени апликации до Code Academy покажуваат дека младината има зголемен интерес за програмирање, и за тоа сме многу горди. Интересот за оваа Академија доаѓа од различни видови на луѓе, со различна позадина но, со иста цел, да станат програмери. Тој факт не уверува дека технологијата навистина е водечката индустрија на светот.

Од Академијата велат дека не било тешко да се одберат вистинските луѓе. За да станеш дел од Code Academy заедницата треба да поминеш тест по англиски јазик, логички IQ задачи и да поседуваш основно познавање за програмирање. Исто така, една од најважните критериуми е да се напише мотивациско писмо во кое апликантите објаснуваат зошто сакаат да станат програмери и кои се нивните цели за во иднина.

Со претпазлива и темелна селекција, беа избрани 38 од најдобрите кандидати.

6-месечната програма се состои од 3 дела: front-end, JavaScript и back-end. Во текот на оваа програма, студентите се соочуваат со проекти од различни варијации на комплексност. Сепак, целите на оваа Академија е да ги совладаат не само едукативните препреки, туку и психолошките препреки кои програмирањето ги носи со себе, а студентите ќе ги добијат најтешките предизвици што ги имале било кога во својот живот.

Процесот на учење кодирање е макотрпен, но со многу конкретна и моќна цел. Да решава проблеми кои постоеле, веќе постојат или ќе постојат во иднина, и за тоа треба силна доза на храброст. Храброст за спротивставување на проблемите, нивното воочување, анализирање и решавање. Храброст која ние сметаме дека сите наши студенти треба да поседуваат за да станат најдобри во оваа индустрија.

Да им посакаме многу среќа и успех на новите студенти и со нетрпение ги очекуваме нивните проекти кои со сигурност знаеме дека ќе имаат огромно влијание врз нивните животи, животите на луѓето кои ги опкружуваат како и врз целокупната технолошката индустрија.

Поздрав и среќно кодирање!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Code Academy . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]