{mosimage}(ова е гостински текст на Дарко Булдиоски. Текстот претходно беше објавен на блогот Komunikacii.net)
Крајно време е. Одамна се наканувам да пишам зошто во дадена ситуација треба да се направи страница (page), а не профил на Facebook. Повеќе од една година се обидувам да им укажам на луѓето кои сакаат да бидат присутни на Facebook со некој бренд, дека креирање на страница е вистинскиот начин да се направи тоа.
Секако, на далеку поголем дел од корисниците поблиско им е искуството
во одржување на личен профил. Оттаму, без разлика колку и да се обиде
човек да им укаже дека тоа не е вистинскиот начин да се реализира
квалитетно присуство во мрежата, тие сепак прават профил. Па, еве само
неколку точки зошто присуството на еден бренд (институција,
организација, компанија, производ, клуб, музичка група, сервис…) е
посоодветно ако е реализирано преку т.н. Facebook Page наместо со класичен профил.
- Ги кршите правилата за користење на сервисот.
Да почнам со наједноставното. Facebook јасно и гласно си кажува кој тип
на страница за кого е наменет и вели дека ако не се придржувате до тоа
правило, може да ја блокира вашата активност. Што значи тоа? Сети се на случајот со МВР. Нив (меѓу друготo) профилот им беше затворен зашто се институција. - Започнувате неприродна комуникација.
И покрај тоа што сите совети за денешниот web 2.0 маркетинг
велат дека брендот мора да комуницира со своите корисници, сепак тоа не
мора да се сфаќа буквално. Зарем би ви дошло природно да комуницирате
со личниот профил на Aspirin? Си седите вие дома, и му велите на
Аspirin: „Ех, да си ми сега при рака, ќе те голтнев”. Дури
и кога се прави тоа, преку страница (page) или преку некои друго
друштвени мрежи (кaко Twitter на пример), секогаш мора јасно и гласно
да се каже кој стои зад брендот. Никој нема да поверува дека комуницира
со цела фирма. - Го ограничувате капацитетот на вашата мрежа на пријатели.
Еден индивидуален профил може да има максимум 5.000 пријатели.
Страниците немаат вакви ограничувања. Секако, тука мрежата не е
составена од пријатели, туку фанови, но тоа оди во прилог уште повеќе,
бидејќи токму таа е врската која реално се создава. Како за
илустрација, Facebook профилот на NotForMen.mk (нова мк веб дестинација за девојки) за еден месец од креирањето на својот NotForMen Facebook Page ја надмина бројката од 5000 фанови. - Ги ограничувате апликациите кои може да ги користите.
И покрај тоа што Facebook има
премногу апликации со кои секој тепа непотребно многу време, сепак кога
сака човек сериозно да комуницра и квалитетно да промовира бренд,
потребни се соодветни алатки (мал пример). За Facebook Page постојат
голем број на апликаци кои овозможуваат разни дополнителни содржини.
Автоматски додавање вести, слики, видео и сл. Дополнително може да
додадете и плагин со кој обичен html може да се додава како fbml со што може релативно лесно да се изгради страница во самата страница. - Немате статистика.
Кога уредувате личен профил, статистика вооппшто и немате. Кога работите со Facebook Page постои
можност детално да разгледате кој ви ја посетува страницата, да видите
кој пол и возраст се вашите фанови, од каде доаѓаат и колку стапуваат
во директна интеракција со вашите објави. Има уште статистики, кои само
дополнително градат предност.
Доста се, сега за сега. Се надевам дека во иднина барем на некои
луѓе ќе можам да им речам, еве ти линк и пробај да разбереш зошто треба
да постапиш вака. Секако, самата одлука каков тип присуство еден бренд
ќе има на Facebook не е пресуден фактор колку неговата вкупна
презентација ќе биде успешна. Ако направите Facebook Page, не сте ја
завршиле работата, напротив, допрва сте ја започнале.






