0 коментари 3 мин. читање 8 февруари, 2019

Зошто е одлично време да ја проверите The Elder Scrolls Online?

Онлајн светот на Elder Scrolls се одликува со неколку временско-чувствителни промоции кои не би требало да ги пропуштите.

1. Бесплатен пробен период на претплатничкиот модел

До 12 февруари, ќе можете да ги проверите скоро сите предности во кои уживаат претплатниците на играта и да добиете пристап до сите додатоци, не исклучувајќи го и проширувањето Morrowind. Претплатничкиот модел највеќе се исплати за торбата во која автоматски складирате неограничен број на состојки. За да го искористите пробниот модел, изберете ја опцијата free trial од продавницата во играта.

2. Специјални награди и распродажби во Morrowind

Кога веќе ги добивате предностите на претплатничкиот модел, а ви се отклучува зоната Morrowind, дефинитивно поминете го вашиот престој таму! До 18 февруари добивате двојно повеќе награди за одредени активности, како и двојно повеќе ресурси од соодветните нодови. Двојно повеќе награди добивате и при соочување со сите предизвикувачки босови, како и при завршување на сите дневни квестови. Оние кои ја немаат експанзијата, можат да ја купат од интерната продавница за двојно помалку пари.

3. Бесплатни 500 круни за сите играчи!

The Elder Scrolls Online е неколку годишна ММО игра, но, и покрај тоа, сѐ уште освојува награди. Во 2018 година основната игра и последната експанзија Summerset освои бројни награди. Во чест на тоа, студиото ги наградува сите играчи со 500 круни – дигиталната валута за купување работи од продавницата. Круните ги добивате на 11 февруари, доколку сте се најавиле во играта од почетокот на 2017 година па до сега.

4. Подарок прасенце за најдарежливите играчи!

Сите играчи кои ќе купат нешто од продавницата и ќе го подарат на некој друг играч, ќе добијат симпатично милениче – прасенце. Промоцијата е во чест на денот на вљубените, но и во чест на Кинеската Нова Година. За да го добиете миленичето потребно е да купите и подарите работи во вредност од 1000 круни. На пример, два подароци од по 500 круни, или три подароци од по 400 круни ќе завршат работа. Само еден подарок нема да биде земен во предвид, мора најмалку два. Прасињата ќе ве израдуваат во средината на март.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}