Злонамерниот софтвер Tyupkin е кошмар за банкоматите низ Источна Европа

Злонамерен софтвер кој ги напаѓа банкоматите во Источна Европа им овозможува на напаѓачите да ги испразнат целите касети на банкоматите. Крстен Tyupkin, овој софтвер е пронајден на повеќе од 50 банкомати низ Европа, но се претпоставува дека софтверот е раширен и во САД, Индија и Кина, велат од Kaspersky Lab.

Backdoor.MSIL.Tyupkin ги напаѓа банкоматите кои користитат 32-битни верзии на Microsoft Windows. Напаѓачите можат да го активираат софтверот со активирање на точен низ бројки од тастатурата на банкоматите, а потоа можат без внесување на картичка да вадат по 40 банкноти од апаратот. За инсталација на софтверот е потребен физички пристап од банкоматот, а се инсталира преку бутабилно CD. Потоа секој банкомат има уникатен код за пристап кој го активира малициозниот софтвер.

Според Kaspersky, најголемиот број на проблемите на банкоматите доаѓаат бидејќи се користи оперативен систем за кои сите знаат дека има безбедносни пропусти. „Фактот дека многу од банкоматите работат на оперативни системи кои се со познати безбедносни слабости и отсуство на решенија за безбедност е уште еден проблем на кој треба да се обрне внимание“, велат од безбедносната лабораторија.

[youtube]QZvdPM_h2o8[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments