Сините LED диоди им ја донесоа Нобеловата награда за физика на научниците Исаму Акасаки, Хироши Амано и Шиџи Накамура. Тројцата научници ја добија наградата поради развој на ефикасни сини LED, кои пак овозможија развој на бели LED. Првата диода со сина светлост е претставена во 1994 година од г. Накамура, но неговата работа ќе беше невозможна без напредокот на г. Амано и г. Акасаки кои препознаа дека галиум нитрид ќе свети сино со додавање на индиум и алуминиум.
Црвената и зелената LED се креирани многу порано, во 1927 година, но без сината не постои начин за комбинирање во бела светлина. Покрај можноста да се заменат сијалиците и можноста за намалување на потрошената енергијата да можат да се напојуваат од соларни панели, LED се користат како позадинско светло во најголем дел на новите телевизори и монитори.
[youtube]s7zSaM2LNGw[/youtube]







