Жените во Саудиска Арабија ќе добиваат известување за развод преку текст пораки

0 коментари 1 мин. читање

Од оваа недела жителките на Саудиска Арабија ќе добиваат известувања за разводите преку текст пораки. Целта на новата пракса е да се прекине досегашната пракса со која жените беа разведени без никакво знаење, вели BBC.

Од викендот судот ќе мора да ја извести и жената дека е разведена. Текст пораките можеби изгледаат како непригоден начин за известување, но досега постоеја тајни разводи. Во овој случај мажите воопшто и не им кажуваа на сопругите дека се разведени.

„Новата мерка овозможува жените да ги добијат своите права (алиментација) кога ќе се разведат. Новата мерка гарантира дека и полномоштвата кои им се издаваат на адвокатите, не може да се злоупотребат по истекот на парниците“.

Законот е дел од реформите кои ги промовира престолонаследникот, принцот Мухамед бин Саламан.

За жал целосната рамноправност е сè уште далеку. Жените во Саудиска Арабија без дозвола од машки старател не можат да добијат пасош, па ни да излезат од затвор, дури и по истекот на казната.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед