Издавачот на игри како Fallout, Skyrim и Doom, ZeniMax Media е во судски спор со Facebook и Oculus VR. Спорот помеѓу двете компании е пред судот во Далас; па Oculus може да ја чини најголемата друштвена мрежа повеќе од 2 милијарди долари, колку што платија за технологијата во 2014.
Според ZeniMax креаторот на Oculus VR во периодот на развој на уредот бил дел од компанијата и украл елементи од технологијата. Можеби целиот спор ќе останеше незабележан доколку во судницата не се појавеше Марк Закерберг.
„Убедени сме дека Oculus е изграден на технологија креирана од компанијата. Самата идеја дека производот е креиран на туѓа технологија е погрешна.“
ZeniMax тврди дека Џон Кармак, му ја покажал VR технологијата на основачот на Oculus Палмер Лакеј. ZenMax сега се надева дека ќе добие компензација за оваа технологија иако изгледа речиси неверојатно дека ова ќе се оствари.
Марк Закерберг иако е основач на Facebook, компанија која сега е сопственик на Oculus, овој пат е во улога на сведок. Адвокатот на ZeniMax се обиде да објасни дека пред преземањето Facebook не обрнал внимание на сите податоци и го купил Oculus без да ги провери деталите. Г. Закерберг ја одби оваа шпекулација, но зборуваше и за идните планови на друштвената мрежа.
„Виртуелната реалност е совршена репрезентација на она што се случува во животите на луѓето. Не верувам дека виртуелната реалност е дојдена дотаму. Во следните 5 или 10 години, ќе бидеме таму каде што сме тргнале.“, додаде г.Закерберг.
Правната разврска од овој спор се очекува во следните месеци.
[…] Inc. го доби спорот против Facebook и Oculus пред судот во Далас. Судот одлучи дека Палмер Лаки од Oculus го прекршил NDA […]