Популарната кукла Barbie на Mattel сега ќе стане многу попаметна. Барбиките наскоро ќе бидат поврзани на интернет што ќе овозможи конверзација со децата, но и „помнење“ на разговорите кои лутката ги води со децата. Новата Барби Mattel ќе ја изработи во соработка со ToyTalk и ќе биде наречена Hello Barbie. Куклите повторно ќе бидат целосно изработени од Mattel, а софтверот за препознавање на гласот е од Toy Talk.
Од Mattel велат дека „Најбројното барање кое го добивавме од девојчињата од целиот свет е: конверзација со Барби. Новата верзија од куклата ќе ги помни раговорите, па така ако детето кажало дека сака да игра или да танцува, ќе запомни ова и ќе го спомне во некој од следните разговори. Со оглед на тоа дека е потребна интернет конекција за Барби е потребен WiFi, а играњето може да потрае еден чес по што уморената барби мора да оди да ги наполни батериите. Цената на Hello Barbie е 75 долари и барем за сега нема информација за датата кога ќе биде достапна.
Но, како што забележува за BBC, со приклучување на уред на Интернет, без врска дали е тоа компјутер или кукла, постои можност истиот да биде хакнат и злоупотребен. Истражувачи веќе нашле ранливости во неколку вакви кукли кои се поврзуваат на интернет. Хакнувањето не мора да биде само од криминалци, педофили и другите лоши монструми што живеат под креветот на вашето дете, туку и од властите за шпионирање на приватниот живот.