Nvidia ја најави Nvidia Drive PX, развојната платформа наменета пред се за паметните автомобили. Станува збор за компјутер наменет за префрлање на моќта од deep neural networks во автомобилите, вели Nvidia. Компјутерот ќе им биде достапен на производителите на автомобили во мај по цена од 10.000 долари.
Моќниот компјутер ќе овозможи подобро препознавање и обработка на податоците од сензорите, „учење“ од околината и од добрите одлуки кој ги донел паметниот автомобил. Компанијата се надева дека наскоро ќе започне соработка со BMW, Tesla и Audi кои би можеле да бидат првите автомобили со Drive PX.
„Станува збор за систем кој може да биде трениран и ретрениран со нови податоци. Секојпат кога автомобилот ќе ги добие новите податоци, може да стане попаметен“, вели Дени Шапиро од Nvidia.
Nvidia Drive PX доаѓа со дуал-Tegra X1 чип, секој од чиповите посебно е способен за 1 TeraFLOPS процерирање, покрај ова компјутерот доаѓа со четири јадрен ARM v8 графички процесот, аудио, видео и процесор за слика. Обработката на слики кој ги овозможува Tegra X1 е 1.3 гигапиксели во секунда или доволно за обработка на податоци од 12, 2MP-камери.







