1 коментар 2 мин. читање 26 декември, 2016

Збогум Cyanogen OS, оперативниот систем се ребрендира во Lineage OS

Идејата за креирање на подобра и поубава верзија на Android преку создавањето на Cyanogen заврши. Од компанијата најавија дека на 31 декември завршува поддршката за „custom“ сервисите. Истовремено ова е крај и за „nightly builds“, кои повеќе нема да бидат развивани.

Телефоните кои доаѓаат со Cyanogen OS, пример OnePlus, ќе бидат префрлени на CyanogenMod ROM, јави TechCrunch. CyanogenMod не е комерцијален производ и го одржуваат ентузијасти под водство на Стив Клондик.

Со ова завршува обидот на Cyanogen да ја надмине Android оперативната верзија на Google. Новиот правец на она што останува од компанијата ќе биде отворениот код. Lineage OS е новиот огранок на компанијата и според првите најави тоа ќе биде иднината. Повеќе вести за промените од Lineage OS се најавени за вторник.

„Па да, ова сме ние. Lineage OS ќе биде продолжение на она што беше CyanogenMod. Да го цитираме Енди Рубин, ова е дефиниција за отворено. Ако компанијата престанува со поддршка за проект со отворен код тоа не значи дека проектот треба да заврши.“, вели соопштението на веб-страницата на Lineage OS.

Повеќе податоци за судбината на Cyanogen наскоро. Иако за Lineage OS ќе имаме повеќе податоци веќе утре, за крајот на сервисите и нивното влијание ќе почекаме до 1.јануари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top